Молитва без прекин – патот кон постојано заедништво со Бога
Молитвата не е само одредено време кое човекот го одвојува за Бога, туку жив однос со Него кој може да се продолжи низ целиот живот. Светите Отци нè учат дека умот и срцето треба постојано да бидат насочени кон Господа, дури и во најобичните секојдневни обврски.
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
Апостолот Павле нè повикува: „Молете се без прекин“ (1. Сол. 5:17), покажувајќи ни дека молитвениот живот не зависи само од местото и времето, туку од состојбата на нашата душа. Свети Пајсиј Величковски ни открива дека човек може да го повикува Божјото име додека работи, одмора и живее, ако срцето му е свртено кон Христа.
"Човеку! Биди внимателен и ќе бидеш благословен! Слушај го Апостол Павле кој вели: Молете се без прекин (1. Сол. 5:17) - во секое време и на сите места.
Ќе речете: „Невозможно е постојано да се молите, бидејќи телото ќе ослабне додека служи“.
Но, тој не рече дека времето на молитва треба да се помине во стоење, но дека секогаш треба да се моли - ноќе, преку ден, навечер, наутро, напладне; секој час - додека работите, јадете, пиете, легнувате, станувајте, секогаш велете:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!
Не очекувајте одредено време за молитва - година, месец или недела и не правете разлика според местото, затоа што Господ не се појавува на некое посебно место или во некое посебно време, туку во умот и во секое место на неговото владеење “.
Свети Пајсиј Величковски
Вистинската молитва го менува човековото срце и го учи постојано да живее во Божјото присуство. Не е потребно секогаш да бидеме во храм или во осаменост за да Му се обратиме на Бога. Доволно е со вера и смирение да го повикаме Неговото свето име, бидејќи Господ е близу до секоја душа која искрено Го бара.
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар