„Поправи го прво своето срце“ – поука од Свети Пајсиј Светогорец за вистинскиот духовен живот

„Поправи го прво своето срце“ – поука од Свети Пајсиј Светогорец за вистинскиот духовен живот



Во духовниот живот најтешката борба не е да ги видиме слабостите на другите, туку искрено да ги препознаеме сопствените недостатоци. Светите Отци нè учат дека вистинското покајание започнува во длабочината на срцето, со смирение, молитва и послушание кон духовниот пат кој го води човекот кон Христа. Свети Пајсиј Светогорец често потсетувал дека човекот кој сака да им помогне на другите најпрво треба да се труди да го очисти својот живот. Бидејќи промената на еден човек започнува како мал, но светол дел од промената на целата заедница. Кога човекот се занимава со сопственото спасение, тогаш неговиот пример станува најсилната проповед.

"... Менталните болници би биле празни ако Христијаните се исповедаат православно, чистo и искренo, смиренo и послушно на духовникот кој поседува расудување, па нека биде малку и строг.  Тогаш достоинствено би се причестувале. Тогаш на никого не би му пречела  вознемиреноста, проблеми со големи искушенија. Треба да знаете дека сè доаѓа од егоизмот, непослушност и лошите помисли. Послушанието е живот, непослушноста е смрт ... Сега гледам дека некои, штом ги променат своите животи, почнуваат да бидат ,,наставници,, на други, иако сè уште живее ,,стариот,, човек во нив. Кога некој навистина се покае, престанува да живее во блуден живот и започнува да води духовен живот, тоа е охрабрување и помош за другите. Но веднаш да станете духовен човек и да проповедате, е тоа е веќе прелест. Ако сакате да и помогнете на Црквата, тогаш подобро е да побарате да се поправите вие самите, отколку да гледате како да ги поправите другите. Ако се исправите самите себе веднаш се исправува еден дел од Црквата. Ако се разбира, сите би го сториле тоа, Црквата ќе заблескаше. Но, денес луѓето се занимаваат со сè и сешто, освен со себе, бидејќи справувањето со себе си бара напорна работа, а справувањето со другите е многу лесно ...“

Свети Пајсиј Светогорец

Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. Најголемата духовна победа е кога човекот ќе почне да се менува самиот себе. Оној кој со смирение ги гледа своите слабости, наместо да ги осудува другите, оди по патот на вистинското покајание. Нека ни даде Господ сила да го очистуваме своето срце, за преку нашиот живот да сведочиме за Христовата љубов.


⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments

Post a Comment

Напиши коментар