Кога срцето се разгорува со љубов кон Бога – поука од Свети Исак Сирин
Сеќавањето на Бога е една од најдлабоките состојби на духовниот живот. Кога човекот со чисто срце постојано Го има Господа во своите мисли, тогаш неговата душа постепено се преобразува и се исполнува со Божествена љубов. Светите Отци нè учат дека вистинската љубов кон Бога не е само збор или чувство, туку жив оган кој го менува целиот човек – неговите мисли, желби и дела. Солзите на покајанието и молитвата стануваат сведоштво за срце кое се приближува кон Христа. Свети Исак Сирин ни открива дека оној кој ја стекнал Божјата љубов веќе во овој живот ја вкусува радоста на заедништвото со Бога.
„Кога во човековиот ум
пламти сеќавањето на Бога, тогаш и срцето негово се разгорува со огнот на
љубовта Божја, а неговите очи постануваат вруток на обилен плач. Човекот кој се
наоѓа во ваква состојба никогаш не е без солзи, оти тоа што го тера постојано да
се сеќава на Бога секогаш врие во него. Таквиот човек разговара со Бога дури и
кога спие. Зошто љубовта потребува сé да биде вака. Тоа е совршенството кое
започнува уште во овој живот. Оној кој ја стекнал љубовта, Го вкусува Христос
секој ден и секој час, со што постанува бесмртен. Љубовта е многу послатка од
животот. Оној кој се здобил со љубовта се облекува во самиот Бог.“
Свети Исак Сирин
Најголемото богатство на човекот не е она што го поседува на земјата, туку љубовта со која неговото срце се соединува со Бога. Кога душата ќе Го пронајде Христа, таа добива мир кој светот не може да го даде. Нека Господ ни подари таква љубов, чисто срце и непрестајно сеќавање на Неговото свето име.
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments
Post a Comment
Напиши коментар