•
•
прегледи
•
... минути читање
Некој стар духовник ги запраша еднаш своите ученици по што би можеле да го препознаат моментот кога престанува ноќта и започнува денот.
- Да не е тоа оној момент кога ке можеме да разликуваме куче од овца? кажа некој од учениците.
- Не - кажа духовникот.
- Кога можеме да го разликуваме стеблото од јаболка од стеблото на смоквата? - дофрли некој друг.
- Не - кажа пак духовникот.
- Па кога тогаш? запрашаа учениците.
А стариот духовник им одговори:
- Тоа е моментот кога, посматрајки го лицето на било кој човек, во него го препознаете својот брат или сестра.
Се до тогаш во вашите срца ке владее ноќ.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар