Еден проповедник, обраќајки се на војниците, ги запраша:
- Чувствувате ли посраменост додека ја носите униформата со знамето на вашата држава на која сте деца.
- Не! - одговорија сите во еден глас. - За нас е тоа голема чест и чувствуваме голема радост да и служиме на татковината, исповедувајки дека сме нејзини војници.
Проповедникот повторно ги запраша:
- Можеби се срамувате што сте Христијани?
Мртва тишина завлада. Но тишината ја прекина еден војник.
- Не, Отец, јас чувствувам радост што сум Христијанин, зошто моето срце е слободно во Господа. А овој момент чувствувам потреба да ја исповедам својата вера во Христа.
Брате мој, да ли можеш и ти да ја почуствуваш радоста исповедувајки дека си Христијанин?
Припадноста Христијанска донесува чест, а не срамота. Стравот од светот прави често да стоиме како заледени пред луѓето, пред кои би требале без страв да исповедаме дека сме Христови војници.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар