Го замолив Бога да ме избави од гордоста, но Бог ми кажа ,,Не".

Ми кажа дека не треба Тој да ме избави, туку самиот да се откажам од својата гордост.


Го замолив Бога да го излечи моето болно дете, но Бог ми кажа ,,Не". 

Ми кажа дека неговиот дух е здрав, а во телото живееме привремено.


Го замолив Бога да ми подари трпение, но Бог ми кажа ,,Не".

Ми кажа дека трпението е резултат на страдањата дека тоа не се дава, туку се стекнува низ страдање.


Го замолив Бога да ми подари среќа, но Бог ми кажа ,,Не".

Ми кажа дека ми го дава Својот благослов, а мојата среќа зависи од мене самиот.


Го замолив Бога да ме избави од болката, но Бог ми кажа ,,Не".

Ми кажа дека болките ги одалечуваат грижите и дека ме приближуваат кон Него.


Го замолив Бога духовно да пораснам, но Бог ми кажа ,,Не".

Ми кажа дека треба самостојно да раснам а Тој ке го тргне се онаа што е вишок и што му пречи на моето духовно растење.


Го прашав Бога дали ме сака и Бог ми одговори ,,Да".


Ми кажа дека ми го даде Својот Син, единствениот и саканиот, Кој умре за мене и дека еден ден ке бидам во Небеските населби затоа што верувам.


Го замолив Бога да ми помогне да и другите ги сакам како што Тој мене ме сака и Бог ми кажа:

Ех, конечно сфати што барам тебе...




Comments