Живееше еднаш еден човек и го запраша во една прилика старецот дали Бог им поклонува опростување на грешниците.


Старецот одговори:


- Кажи ми ако одеднаш ја исечеш својата рака или ја искршиш својата нога дали ќе ги отсечеш и ке ги фрлиш затоа што не ти се потребни.



Човекот се замисли па одговори:


-Па секако нема да ги отсечам. Ќе ја лекувам раката или ногата додека оздрават.


Старецот одговори:


- Ако така се грижиш за своето тело, па зарем Бог нема да бидне милосрден спрема Својот сопствен образ?


Извор: интернет

Comments