Ќе ме прашате: Но како мирисат добрите луѓе? И ќе се насмејам. Нема да брзам да ви одговорам како не би го протерал моментот и сладоста на нивните души.
- Како топол леб! Така мирисаат добрите луѓе! Како рацете на баба кога си мал!
Како џемперот на дедо кога те прегрна!
Како насмевката на мајката!
Како вашата насмевка кога бевте дете!
Да, ми недостасуваат оние моменти кога во душата не го разбирав значењето на злото..Сега тоа не го разбирам, но сега зажал знам дека постои.
Ми недостасува мирисот на топлите раце...
Ќе ме прашате: Но како мирисаат топлите раце?
Ќе плачам и јас. Нема да брзам да одговорам да топлината на солзите не го напуштат мојот образ.
- Како дете! Како мојата баба!Како мојот татко!
Како оние места на кои сум се секогаш чувствувал сигурно! И уште го чувствувам.
Но некои заминаа.
Ми недостасува мирисот на љубовта...Ќе ме прашате: Но како мириса љубовта? И ќе ви кажам...Како и сите емоции, насмевки, солзи,детството ќе ми се вклопат во очите.Ќе те погледнам, ќе те држам за раката не зборувајќи ништо и ќе ја ставам на чело. Во срцето.
- Ова е! Мириса на срце од ванила! Срце со јасмин! Треперливо срце! Неможам да го опишам мирисот и вкусот на љубовта.На сите е различно!
Затворете ги очите и вежбајте ги сетилата. Почуствувајте го воздухот, радоста, добрината, детството. Секое ид нив има специфичен мирис.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар