Старица, света душа, живееше сама во Пиреј. Нејзиното единствено дете го следеше патот на монаштвото,беше посветено на Бога!

Го прифати оваа и го славеше Бога за честа која и се укажа на неа и на нејзиното дете, иако остана сама.

Покрај тоа таа не беше со добро здравје, имаше астма која многу ја мачеше и често пати беше на ивица од смрта.

Поминаа многу години од оваа борба.

Еднаш Бог ја награди нејзината вера и приврзаност кон Него, на момент и даде и ги отвори очите на нејзината душа за да го види Ангелот чувар на нејзината душа!

Негова светлина и Божјата слаткост ја исполнија старица со натприродна радост.

Сега со своите очи виде  дека никогаш не била сама.

Таа сега се молеше со поголема вера.

Но со тек на времето болеста се засили.

Еднаш како се наведна како ослабен човек проливајќи многу солзи во својата болка.

Тогаш во тие тешки моменти повторно се појави Ангелот насмеан, спремен да и даде сила.

Но старата жена му кажа со болка:

- Мил мој Ангеле, замоли го Господа да ме земе! Неможам оваа веќе да го поднесам!

- А тој нежно, но одлучно и одговори:

- Мораш, да имаш малку повеќе трпение.

Но бидејќи тоа тешко го прифати, Ангелот додаде:

- И јас толку години бев трпелив и седев покрај вас, и бев лишен од Небеската радост! Издржи уште малку!

Кога ги слушна овие зборови старата жена се шокира и кажа:

- Нека биде твоја воља Господи!

Светиот Ангел тогаш престана да се појавува, но неговиот изглед и зборови ја оставија старата жена во бескраен мир и Божја утеха.

Овие зборови му ги кажа на својот син кој еднаш слезе од Света Гора кај неа на посета.

Навистина, колку Светите Ангели го сакаат човекот!

На крај од краевите, Господ истотака кажа дека кога грешниот човек се покае и влезе на патот од спасението, на Небото се радуваат и Светителите и Ангелите...



Comments