Мое дете Панагиотис, онаа што го имаш во задниот лев џеб не е добро фрли го...
Мојот пријател Маламас и јас бевме пред неколку години во манастирот Дионисијат на Света Гора.
Навечер бевме сместени во една ќелија заедно со еден непознат млад човек.
Се запознавме тој случајно беше математичар како Маламас и ни го кажа следново:
- Бев атеист,анархист и зависник од дрога, ми кажаа пријателите, оди на Света Гора таму има невероватна природа,па заминав да видам.
Проаѓајќи ,,случајно" пред ќелијата на отец Пајсиј видов многу народ пред вратата.
Ги прашав:
- Зошто толку луѓе се собравте овде?
Тие ми одговорија:
- Се шегуваш со нас;чекаме овдека да би зборувале со старецот.
Тогаш им кажав:
- Што може да ти каже еден свештеник! и појдов да си одам, тогаш излезе старецот и ми кажа:
-Панагиотис! ме изненади.
Го прашав: Дали на мене ми се обраќаш??
Па, зарем не си ти Панагиотис?
- Да му одговорив.
- Дојди овде, ми кажа.
Дали да одам кај него.
А тој ми кажа:
- Дете мое Панагиотис, онаа што го имаш во левиот џеб, не е добро фрли го!
Останав заледен, таму во џебот имав две дози на дрога...
Ги распушти сите луѓе и ме одведе во својата ќелија, почнав да плачам,плачам и не верувам што ми се случува...
Старецот ми помогна, не само да ја оставам дрогата, туку и да поверувам во Бога со целата своја душа.
Мојот единствен проблем што ме знаат сите луѓе од Патрас и сакам да најдам добра девојка да формирам семејство, но кој ќе ми поверува дека сум се променил..
~ Сармпезоудис Димитриос

Comments
Post a Comment
Напиши коментар