Бог дава мирис понекогаш за време на молитвата, а понекогаш во времето кога не се молите, да утеши,  зајакне,информира, секогаш со цел.


- Понекогаш, старче, кога ја кажувам молитвата и побарам Божја милост, чувствувам некоја промена во себе,опиеност.


Кога човекот понизно ја побара Божјата милист и ја признае својата грешност, тогаш Бог му ја испраќа својата благодат и тој е духовно променет.


Го боли кога го растажува Бога со своите гревови, се  кае, се чувствува без сила и Бог го наградува со Божја утеха.


- Старче, кога се молам, чувствувам утеха.Да ли е оваа од Бога или е тоа заблуда?


- Оваа е добро, но подобро е да не обрнувате внимание. Кога човекот не обрнува внимание на нив, Бог е трогнат и му помага на друг начин.


Внимавајте да не барате молитва, само да почуствувате задоволство, радост. Детето трча кон таткото, не затоа што ќе му даде чоколадо, туку зошто го сака, освен ако не сака да му даде чоколадо.


Молитвата која ја правиме да се радуваме, а не за би се соединиле со Бога, не е вистинска молитва.





Свети Пајсиј Светогорец

Comments