Така пуста е и човечката слава – таа само ја поткрепува славата, но во суштина не е слава! Постојана и надежна е само една слава – единствената и внатрешната, а другата, надворешната – таа е често и прикривање само од луѓето и тоа само за кусо време; кога ќе заврши претставата, маските се симнуваат и секој се појавува во тоа што е: така ќе биде и со сите луѓе на судниот ден! Ве убедувам, да се ослободиме од ропството за слава, која на земјата не донесува слава и не лишува од Царството небесно – туку, да бараме слава не земна и не од луѓе, туку духовна слава, преку добродетели од Бога.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар