Старец Пајсиј ни ја раскажа следнава приказна, сакајќи со пример да ни покаже како Бог се грижи за своите деца, иако ние често не го сфаќаме, дури и се гневиме на Него.


Еден подвижник се молеше на Бога преколнувајќи Го да му открие поради што праведниците се сиромашни и неправедно страдат, додека грешниците се неправедно богати и задоволни. Додека му се молеше Бог да му ја открие оваа мистерија, слушна глас кој му кажа:


- Немој да бараш да го разбереш онаа што твојот ум и знаење не можат да го прифатат, и немој да ја испитуваш тајните Божји, зошто Неговите одлуки се слични на бескрајниот океан.


Но, ако сакаш и тоа да го знаеш, оди во светот и набљудувајги луѓето.Тогаш ќе бидеш во состојба да сфатиш нешто од Божјите одлуки.

Тогаш ќе спознаеш дека мудрата Божја премудрост и неистражена и неостварена.


Кога подвижникот го слушна се тоа, замина во светот. Едно време одеше и стигна до една ливада. Тука се наоѓаше една фонтана, а покрај неа старо шупливо дрво.


Се сокри во таа шуплина и почна да го посматра народот кој беше во брзање.

После некое време, помина еден богат човек јавајќи на коњот.

Застана покрај фонтаната да би се напил вода и да се одмори. Додека седеше, од џебот го извади паричникот со златници и започна да ги брои.

Кога заврши со броењето, наместо во џеб паричникот го стави на тревата.Потоа јадеше, се одмори и одспа. Набрзо појде, не забележувајќи дека паричникот му остана во тревата.


После некое време, се појави уште еден човек. Запре покрај фонтаната, а кога го виде паричникот со златниците, го зграби и отрча во полето.


По неколку минути, се појави и трет човек. Како што беше уморен, се напи од водата и седна да касне едно парче леб.

Додека сиромавиот јадеше, се врати богатиот човек да го бара паричникот.

На лицето му се отцртуваше страшен гнев и тој тргна право кон сиромавиот, викајќи од бес и барајќи да му го врати паричникот.

Сиромавиот кој ништо незнаеше ниту за паричникот ниту за златниците, започна да го уверува дека ништо од тоа не видел.

Богатиот човек почна да го тепа. 

Го удараше толку силно што сиромавиот неможеше да издржи и почина. Богаташот тогаш почна ја претражува неговата облека но ништо не најде.Замина чувствувајќи се многу разочаран.

 

Испосникот кој седеше во шуплината на дрвото гледаше се што се случува беше зачуден. Многу се разтажи и започна да плаче, чувствувајќи голема жалост поради неправедната смрт на сиромавиот, и на крај повика кон Бога:


- Господи, што значи ваква Твоја воља?

Би сакал да знам како Твојата доброта може да ја поднесе  оваа неправда!

Еден човек ги загуби парите, друг ги најде, а третиот е неправедно убиен!


Додека се молеше и плачеше, пред нив се појави ангел Божји и му кажа:


- Немој да жалиш за сиромавиот, ниту да мислиш дека оваа му се случило по Божјата воља. Имај на ум дека некои работи се случуваат или затоа што Бог така дозволува, или со тоа да ги научи луѓето или, поради нашата корист.


А сега слушај: човекот кој ги загуби парите е најблизок комшија на оној кој ги најде парите. Оној другиот имаше порано големо богатство и имот а богаташот инаку алчен, го принуди тој имот да го продаде за само 50 златници.


Чувствувајќи се безпомошно, сиромавиот се молеше на Бога да го казни неговиот комшија. Бог двоструко го награди. Другиот човек оној уморен сиромав кој неправедно беше убиен, некогаш и самиот изврши убиство.


Тој меѓутоа, искрено се покаја и остатокот од животот го проведе почитувајќи ја Божјата воља. Секогаш му се молеше на Бога да му опрости и зборуваше: Боже, дозволи да умрам со иста онаква смрт каква сум и самиот предизвикал.


Бог му ги опрости гревовите во ист момент кога се покаја за своите гревови.

Бог, освен тоа беше трогнат поради чувствителноста и праведноста на овој човек кој не се трудеше само да живее согласно Божјата воља, туку и да плати за својот грев.


Бог ја исполни неговата желба и допушти да умре со иста насилна смрт - како што и самиот бараше - а потоа го вознесе на небото, дарувајќи му венец на славата поради неговото длабоко и искрено покајание.


 Третиот човек, оној алчен богаташ што ги изгуби златниците и изврши убиство, падна во два грева, алчност и тврдоглавост. Бог допушти да изврши убиство како би можел да доживее болка која на крај ќе го доведе до покајание. Извршеното убиство за него бидна причина да го напушти светот и да се замонаши.



Ете затоа и во било какви околности гледате дека Бог бил неправеден, немилосрден и суров?

Вие неможете да ја испитувате Божјата одлука зошто Тој секогаш ги донесува исправно и согласно патиштата кои ги познава, додека вие за нив погрешно просудувате и ги сметате за неправедни.


Треба да знаете дека многу работи се случуваат по Божјата воља и од причини кои ни се непознати. Ние истотака треба да кажеме: Праведен си, Господи, и праведни се судовите Твои (Пс. 119;137).

Comments