Не верував во Бога додека...( Уште еден доказ за духовните сили на Псалмите)



Кога дојде време да одам во армија, мојата мајка, кој често одеше во црква и се молеше за мене, ми даде едно парче хартија на кое беше напишана молитвата и ми кажа: Синко мој, нека секогаш биде со тебе".


Покасно разбрав дека на хартијата беше напишан 90 псалм. Тогаш биднав падобранец.

На униформа не беа дозволени други џебови од тие што беа, а молитвата ја ставив под делот на униформата кај левото раме.


Првиот падобрански скок.

Нема да го заборавам тој момент кога стигнав до бездната на воздушниот простор, и го повлеков прстенот и ...падобранот не се отвори.


Го повлеков прстенот на резервниот падобран и ништо не се отвори.

Паѓав и земјата брзо се приближуваше.


Во тие неколку секунди, неможев да ја извадам молитвата на мајками од ракавот.Па со раката гу удрив местото каде беше молитвата и повикав: Господи, спаси ме!.


Како одговор, падобранот веднаш се отвори.

Тогаш се случи: Го испитував своето неверие, своите пријатели, се сетив на својата мајка и нејзините солзи, но пред да слетам на земјата се заколнав дека ќе запишам богословија.


Покасно, по завршување на Богословијата, стапив во манастир, и сега сум монах.


Книга: Прашајте и ќе ви одговори...

Приказни за чудесната Божја помош




Comments