Верувам дека човекот, кога не го чува внимателно своето срце, заборавува се што слушнал и не се грижи за тоа, и така непријателот си наоѓа место и го зема.

Зошто како што некоја ламба е припремена и свети, кога се заборави да се стави масло, полека згаснува, а потоа се засилува темнината која е околу неа.

Но не само тоа се случува некој глушец, обиколувајќи околу неа барајќи да го изгриза фитилот, неможе тоа да го направи додека маслото не се угаси, па кога види дека нема светлина ниту топлота од пламенот, тогаш сакајќи да го извлече фитилот ја турне ламбата и ако е глинена таа ќе се искрши, а ако е од бакар  домаќинот повторно ја поправи, така бива и со душата кога е немарна.

Светиот дух постепено се повлекува, додека не се повлече нејзината топлина, а потоа, демонот голтнувајќи ја ревноста на душата, се појавува во злобата.

А ако е човекот добар во своето располежение спрема Бога, и само е обземет со негрижа, Бог со својата милост, бидејќи му всади страв и сеќавање на вечните маки, му дава сила да бдее и да во иднина се држи себеси во голема сигурност, до Неговото второ доаѓање.



Ава Орсиј-Старечник

Comments