Вистинска приказна која ќе ве расплаче.
Старецот Хараламбис последните години од својот живот ги живееше со носталгија по својата изгубена татковина.
Секогаш размислуваше за своето преубаво село во близина на Бурса и солзите му доаѓаа на очите.
Често го земаше својот внук Бабис во рацете и му раскажуваше за своето село. Му го опишуваше во детали каква е Црквата,училиштето во кое ги научи првите букви, плоштадот на кој се играше.
Многу детално му ја опишуваше куќата во која се родил каде се ожени и имаше деца. Бабис порасна и студираше во Атина. Но, секогаш се сеќаваше на својот дедо...
Еден ден виде дека една туристичка агенција организира патување во Бурса и одлучи да замине да го посети местото каде е роден неговиот дедо.
Бабис беше многу потресен кога стигна во селото. Прво ја виде Црквата која сега е преправена во џамија. Пријде до кафеаната на дедому...таа беше затворена. А плоштадот потполно запуштен.И стигна пред куќата...
Со треперење ја отвори вратата. На старите скали седеше еден старец. Стана кога го виде и му кажа: Дојди дете мое, што сакаш? го праша на Турски...
Со неколкуте турски зборови кои Бабис ги научи од дедому проба да му објасни дека дошол од Грчка да го посети селото од каде потекнува дедому.. Кога го слушна тоа старецот се стресе.
Ја испружи раката и го прегрна...Добродојде му кажа на Грчки. Знаев дека ќе дојдеш и те чекав.Бабис збунето го гледаше. Го фати за рака и го одведе во една мала соба во куќата.
Го натера да седне на единствената столица. Ги избриша солзите од лицето и продолжи. Јас сум роден во едно преубаво село во Македонија, моите родители беа муслимани и земјоделци.
Бев најмладо дете во семејството. Кога моите родители заминуваа во полето, ја одев во куќата на мојот другар Никола.
Многу пати и спиев кај нив. Неговите родители ме сакаа и не ме разликуваа од нивните деца. Беа добри луѓе и верни Христијани.
Целото нивно семејство често пати во ноќта клечеа и се молеа пред иконата на Пресветата Богородица каде непрестрајно гореше свеќата покрај кадилницата која ширеше убав мирис по куќата.
Поради се тоа чувствував стравопочитување. Многу пати и јас клекнував со нив и зборував со Девицата Марија како со мајка.
Душата тогаш ми се исполнуваше со мир.
Еден ден Семејството на Никола замина во Црква. Ме поведоа со себе.Присуствував на Боженствената Литургија и кога видов дека верните приоѓат кон вратите да се причестат, појдов и јас.
Таткото на мојот другар ме задржа и ми кажа: Не ти дете мое, ми кажа со тивок глас.
Неможеш да се причестиш зошто не си крстен.
Го погледав со тага во очите.
Тогаш да се крстам му одговорив.
Нешто покасно, господинот Димитриј ми објасни дека припаѓаме на различни религии и моите родители не дозволуваат да се крстам. Но тоа можев да го направам кога ќе пораснам и јас секогаш ја имав таа желба.
Јас го чекав тој ден и продолжив да и се молам на Пресветата Богородица. Нажалост, не успеав да ја исполнам мојата желба. Пред да постанам полнолетен, започна да се одвива размена на населението.Моите родители ме одведоа и ме доведоа во оваа село.
Беше ноќ кога заминавме и неможев да се опростам од пријателот и неговото семејство. Неколку пати пробував да избегам и да се вратам и на крај родителите ме заклучија во оваа соба и така продолжив да живеам сите овие години.
Една вечер во својот очај клекнав, како што правеше семејството на Никола и со солзи во очите ја молев Богородица да ми помогне да се вратам.
И одеднаш почуствував прекрасен мирис како ја исполнува собата. Мислев дека тоа е одговор на Пресветата Богородица на мојата молитва. И понатаму го чуствувам мирисот до ден денес кога се молам во ноќта.
Покасно започнав да слушам некои чекори под креветот на кој спиев. Цела ноќ неможев да разберам што се случуваше, но несмев на никого да кажам.
Еден ден моето семејство замина на свадба и јас детално ја пребарав собата.
Приметив дека некои штици не се добро вклопени и ги извадив. Доле видов една метална кутија и помислив дека е некое скриено богатство.
Ме опфати некое треперење кога ја отварав кутијата и внатре имаше една златна икона на Пресветата Богородица, свеќа и кадилница која мирисаше.
Мислев дека луѓето кои ја напуштија оваа куќа го сокрија своето скапоцено богатство како да не падне во раце на неверници. Во еден момент помислив што да работам.И решив да ја сочувам иконата со мисла дека ќе дојде некој од семејство и ќе му ја предадам.И тоа беше единственото барање во мојата молитва кон Пресветата Богородица.
Од тогаш поминаа многу години. Моите родители починаа. Моите браќа се оженија и створија свој дом. Останав овдека сам да ја чувам иконата на Пресветата Богородица.
Не сакав да се женам ниту да ми жена влезе во куќата. Моите роднини мислеа дека сум спобудалел и ме одбегнуваа.
Оваа ми одговараше,оти не ми пречеа.
Секогаш ја имав Пресветата Богородица да ме штити.
Во последно време почна да ме напушта силата. Не дозволувај Пресвета Богородице да умрам пред да ја предадам Твоја икона и се молев секоја вечер.
И вечера вечер го добив нејзиниот одговор.Мирисот престана. Студена аура се ширеше во мојата душа. Ја извадив иконата и ми се пристори како да ми се насмевна Пресветата Богородица.
Некој ќе пристигне денеска да ја земе иконата си помислив.
Седнав утринава на скалите и те сочекав.
Сега можам тивко да ги затворам очите.
Возбуден, Бабис ја зеде Светата Икона од рацете на старецот.Потоа се наведна му ја бакна раката и почуствува како да му ја бакнува раката на неговиот дедо.
Му заблагодари од целото срце. Се опростија во солзи. Пред да замине Бабис, старецот му даде една торба:
Земи дете мое.
Оваа е земја од градината на твојот дедо.
Стави му ја душо на гроб да се одмори и тој.

Comments
Post a Comment
Напиши коментар