Онаа што го правиш не е доволно, исповест не е само духовно исповедување на своите гревови.

Исповест е добро да се покаеш пред што  ќе отидеш пред Бога.

Да станеш наутро и после молитвеното правило кое го извршуваш дали со читање на молитвите или со бројаницата...

Тогаш кажи му на Христа за своите гревови, спрема Бога и луѓето кои си ги повредил и побарај простување.


- Како да знам дека ми е опростено? Прашав.


Зарем Апостол Павле не кажува дека плод на Духот е љубов,радост,мир, вера?

Тоа е онаа што го чувствуваш кога ќе се покаеш.

Ја примивте првата доза на простување на гревовите и вечен живот. Односно, ќе ви биде простено и ќе го почуствувате присуството на Бога во себе.


Но тука не застануваме!


До сега кажавме - Опрости ни ги нашите долгови- но Христос бара тоа да го кажеме - додека им ги простуваме своите долгови - зарем не?

Всушност,тој ни кажува, ако не простиме од срце на оние кои ни погрешија, нема да ни прости ниту Христос.Затоа, прво ќе се покаете за своите гревови, а потоа кога ќе примите простување ќе го почуствувате мирот на Светиот Дух, тогаш ќе им простите на другите.



Свети Порфириј Кавсокаливит

Comments