Благодата на нашите Светители почива и на штиците на кои се нацртани Светите Икони. Во нашата татковина, во Мала Азија, живееше еден Турчин,сточар, кој кога ги молзеше овците со една таква штица на која имаше нацртано лик на Пресветата Богородица го покриваше млекото.
Боите исчезнале со тек на времето така да изгледаше како обична даска.
Тогаш се случи следново чудо: Кога Турчинот едно утро отиде во просторијата каде го чуваше млекото виде дека млекото е истурено, а садот испревртен, додека иконата беше исправена до ѕидот.
На почеток не можеше да го објасни онаа што се случува. Како млекото често се истураше, му падна на ум следново:
Дали млекото го истура оваа даска?(Тој знаеше дека тоа беше стара Православна икона).
Ја зеде секирата да би ја искршил а потоа и да ја запали. Меѓутоа, веќе со првиот ударец, секирата се заглави, а од иконата започна да тече крв.
Крвта течеше од раната и се разлеваше.
Турчинот се преплаши и ,тресејќи се,проба да ја извлече секирата. Тоа беше неможно, зошто секирата беше заглавена.
Тогаш иконата заедно со секирата ја качи на грб и трчејќи отиде во селото каде што беа Грчките селани, видејќи го оваа чудо за кое им зборуваше уплашениот Турчин, ја зедоа Иконата и покажаа почитување на Пресветата Богородица, како што и доликуваше.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар