За Бога мисли пред се, зошто и Бог мисли за нас пред се. Како што пастирот мисли повеќе за една изгубена овца него ли за целото стадо, така и Бог мисли за нас, кои се губиме во гревот повеќе отколку за Светите Ангели на небото.
Да се мисли за Бога не значи да го испитуваме Бога, туку да испитуваме и дознаваме што Бог бара од нас.
Кој купува ореви не ги цени по љуската туку по јатката. Така исто и оној кој купува јајца. И безброј други работи во светот ние повеќе го цениме по невидливото него ли по видливото.
И Бог не цени по срцето. Низ телесната љуска Он гледа во срцата наши, и ни го бара срцето наше сине мој.Дај ми го срцето твое!
Во срцето Творецот ја положил основата на животот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар