Еден ден малко пред пладне,бев уморен, легнав на креветот во собата, чиј таван го поправав, малку да одморам.

Одеднаш вратата се отворија и насилно влезе еден војник. Имаше само едно око на челото и луто викна:


- А тука сте? Сега ќе видите што се ќе претрпите.

-И со него во собата влегоа околу осумнаесет демони во разни облици, различни како луѓе, како мајмуни итд. Нарипаа на мене и започнаа да ме тепат и мачат.

Пробав да го дофатам Крстот, но троица од оние кои ме држеа за раката и еден од нив ми ги отвараше прстите така да не можев да ги спојам трите прсти за да неможам да го направам Крсниот знак.

Ќотекот и маките кои ги претрпев се неописливи. Крвта ми течеше од устата и од носот, ми отекнаа усните, брадата и косата ми беше искидани,панталоните ми беа спуштени, зошто Бог дозволи да бидам мачен дури и на тајните места.

Прстите ми беа искривени, рамето ми беше скоро извадено, ушите ги слушаа нивните зборови.Еден од нив ми кажа:

- Дали ме гледаш? Јас сум тој кој ве фаќа за грлото и не ви дозволувам да читате. Другиот:

- Јас сум тој кој оваа ви го прави итд.

Сите ги спомнуваа и искушенијата кои ми ги правеа.

Во тој момент конечно успеав да ја спуштам раката и го дофатив Крстот.

Демоните веднаш избегаа преку прозорот и заминав, оставајќи ме полумртов.

Ја спакував облеката и слегов долу во кујната, каде имаше една баба која помагаше. Кога ме виде се уплаши.

Не дојде горе бабо да ми помогнеш, демоните ме убија и кажав.

Јас слушнав тропање ама помислив дека вие отец Јаков работете ги ковете штиците ми кажа.


 Оваа го кажа самиот Свети Јаков Цаликис и е забележено во книгата на манастирот Свети Давид под наслов:

,,Светиот старец блажен отец Јаков".




Comments