Кога е верата жива? како тоа да го разбереме? Дрвото го разбираме по плодот - крушка од крушка, јаболко од јаболко...Па дури и ако имаме поверение, ќе го покажеме тоа во пракса.


Ако верувате, ќе станете наутро да ја кажете својата молитва. Ако верувате, напладне седнете на столот и направите го Крсниот знак.


Ако верувате, ноќеска пред да заминете на спиење, ќе се помолите повторно. Ако верувате, ќе му опростите на непријателот. Ако верувате, ќе ги поделите вонвременетите мистерии.


Ако верувате, ќе се исповедате најмалку еднаш годишно - како што оној кој не е крстен не е Христијанин, така оној кој не се исповедува не е Христијанин. Исповеста е една од седумте тајни на нашата Света Црква.


Ако верувате дека ќе направите нешто друго - ќе го отворите Светото Писмо секој ден - исто како што не помине денот без леб, така да не помине денот без читање на Светото Писмо, Светите зборови на нашиот Господ Исус Христос.


Конечно, онаа во што веруваме да не го сокриваме, туку да го зборуваме да го проповедаме.


 Видовте како еретиците стигнуваат до крајот на светот оставајќи се што имаат само да ја шират својата ѓаволска ерес.


 Ти веруваш, не го сокривај тоа, не биди КриптоХристијанин. Проповедајте го Христа, како Светите Апостоли и мисионери. Ти веруваш, зборувај за Христа.


Имате јазик? освети ги ближните со проповед. Ако сте мајка зборувајте со децата - доењето не сјајно - и мечката ги дои своите мечиња - зборувајте со своите деца!


Се и должам на мојата баба. Признавам беше неписмена но не научи полно, не земаше покрај неа, не научи да се прекрстиме, да го каже ,,Оче наш", да се молиме...Блажена баба секогаш кога се сетам на неа плачам. Сега нема ништо од оваа, нивниот ум е во мода.


Зборувај за Христа. Ако си татко?

зборувај за Христа.

Ако си учител, зборувај за Христа, Ако си 

свештеник? зборувај за Христа.


Ти си Христијанин; зборувај - тогаш ќе те наречам Христијанин. Од јазикот ќе те разберам, од рацете ќе те разберам, од нозете ќе те разберам, од целото твое постоење, така ќе те разберам!




Eпископ Августин Кантиотуос

Comments