Старче, зошто луѓето денеска толку страдаат?


- Од Божјата љубов! Вие како монахиња кога станете наутро го исполните вашето молитвено правило, се помолите на бројаниците, покајание итд. за лаиците страдањето низ кое проаѓаат е нивното правило, па се прочистуваат со него.

Им прават повеќе добро од световната благосостојба, што не им помага ниту да се приближат кон Бога ниту да ја сочуват Небеската награда.Затоа мора да ги прифатат како Божји дарови.

Добриот Бог со искушенија ги воспитува своите деца како Добар Татко, од љубов, од Божјата добрина, а не од злоба или светската правна правда, зошто сака да му се вратат.

Односно, затоа што сака да ги спаси своите деца и да го наследат Царството Небеско, дозволува човекот да се бори со искушенија, да се бори и да го искушува трпението во болка, така да ѓаволот неможе да му каже: Дали го наградуваш или го спасуваш, бидејќи не се потруди?

Бог не се интересира за овој живот, туку за другиот.




Свети Пајсиј Светогорец

Comments