Кои се плодовите на Исусовата молитва?


Духовни  дијалози со Румунскиот старец Клеопа Илие



Првиот плод на Исусовата молитва е отфрлање на менталните представи од суетниот свет, спрема Светиот наследник, кој кажува: Онаа што предходно е влезено во човечкото срце, исчезнува заедно со сите убавини на светот.


Другиот плод на молитвата е или страшната сцена на поквареност на душата или кои се манифестираат низ телесните сетила и злобните помисли.Од овој поглед човекот стекнува понижување, тагување, солзи, како кажува Свети Григориј Палама.


Третиот плод на искрената молитва е враќање на умот во срцето, и умот и срцето човечко да станат како бистро огледало во кое и самиот борец ги познава злите движења на своите помисли и го повикува Исуса да му помогне.


Четвртиот плод е чистота на природата, зошто делото на чистата природа е над таа природа, како што е дадено со Божјата благодат на Светиот Дух.


Петтиот плод на молитвата е кога умот влезе во срцето да таму би зборувало и го обземе голема радост и духовна радост.


Шестиот плод на молитвата е да со оваа молитва Божјата Благодат тајно се смести во срцето.


Седмиот плод е да со непрестајно сеќавање на Името Исусово се роди во душата или љубовта Христова.


Останатите плодови на молитвата се: Контемплација на мислите, или почитување, или внимание спрема себе, или понизност, страв Божји, или сеќавање на смрта, или мир на срцето и умот, или концентрација во срцето или духовна топлина



Од  книгата „ДУХОВНИ ДИЈАЛОЗИ СО РУМУНСКИТЕ ОТЦИ



Comments