Блажени се сиромашните со дух,зошто нивно е Царството Небеско (Матеј 5:3)

Еден наслов во едни новини: По кој критериум ја мерите некоја личност?

 Некои од критериумите беа: Неговата споаобност да заработува и да ги користи парите.

Вредноста на неговиот автомобил.

Колкава е неговата телесна сила и висина.Каков бизнис има колку е успешен.Кој спорт го сака.Во која партија членува? Неговиот капацитет и поверение.

Критериумите по кои ги мериме луѓето се многу плитки и површни. Но критериумите кои Христос ги користеше за проценка на човекот се потполн контраст.

Обратете внимание на некои вредности и мерки на нашиот Господ: Благо на сиромашните во духот.Милостиви....чисто срце...миротворци...прогонети поради правдата...Кога гледаме и по кои мерки ги оценуваме другите и себеси?

Господи,направи да го проценам својот живот не на основа на онаа штого мислат и зборуваат луѓето,туку врз основ на онаа го зборуваш во својот Збор. 


 



Comments