Оние кои се подготвуваат да станат музичари, знаат дека уметноста ја бара целосната личност. Кога јас бев сликар, ако не сонував додека спијам, тогаш наутро не знаев што да правам затоа што требаше да продолжам да сликам дури и додека спијам.
И кога сликам ноќе во сон, јас станувам наутро и почнувам со нова енергија и сликам што ми треба. Значи, многу пати реков, дека е добро човек да има уметничка личност, така што нашиот живот секогаш да е инспириран.
Можеме да страдаме и да немаме сила, но инспирацијата, како некоја река на енергија, постојано тече. И тогаш нашиот живот не знае за униние (мрзеливост).
Затоа, сите треба да бидете уметници во вашиот живот и да ја храните вашата инспирација, бидејќи не постои ништо друго поголемо од Христос и Неговото учење!
Сѐ она на што човештвото е гордо бледее во споредба со тоа што вие го слушате и гледате – Христос, Кого многу пророци и цареви сакаа да го видат и слушнат.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар