Ги дочекаа радосно, им дадоа најубава келија да се одморат, а на трпезата најубави места.

Но Евгариј беше намуртен и не можеше да го сокрие своето разочарување.

И овие се некои подвижници мислеше во себе. На масата пред него имаше разен зеленчук, овошје, риби, леб и се во големо изобилие. Кога донесоа и вино Евгариј налутен рече:

- Луѓето не излагаа. Јосиф не е испосник!

И неговиот другар беше разочаран, па и он гласно зборуваше:

- Ете ни го на нас нашиот Јосиф, кој само леб и сол јаде!

Преподобниот Јосиф молчеше како да не ги слушна нивните зборови, и продолжи со оброкот.

Ке сочекам да видам каква им е молитвата - помисли Евгариј.

И тука го сочека разочарување. Вечерната служба беше кратка, а наутро ѕвоната ѕвонеа дури кога сонцето веќе беше на небото.

Со тажно срце го напушти манастирот. Жалеше за изгубеното време, а не доби никаква духовна корист.

Не така далеку се одалечија од манастирот кога густата магла ги спречи да продолжат. Не се гледаше ни прст пред око, а камоли патот по кој требаше да одат. Мораа да се вратат во манастирот кај Преподобниот Јосиф. Кога пријдоа до портите се слушаше пеење - монасите му служеа на Бога.

Вчера во оваа време тие не пееа кажа Евгариј- па ништо, ке почекаме покрај вратата, нема да им пречиме. Службите и така им се кратки.

Меѓутоа, чекањето се одолжи. Толку многу да Евгариј не издржа туку затропа на вратата.

Еден монах им отвори и молчејки ги одведе во трпезаријата каде ке дојдат монасите после службата. Што видоа на масата?

За секој монах беше наместено едно парче леб и две урми.

- И тоа е се - се зачуди Евгариј.

Во тој час дојде преподобниот Јосиф и се им објасни.

Немојте да се чудите браќа. Тоа е нашиот секојдневен живот. А тоа што вчера го видовте тоа е нашето гостопримство, нашата љубов спрема ближниот. Нашиот подвижнички живот ние не го откриваме пред другите. Тоа е наше сокриено богатство. 

Посрамотен Евгариј падна на колената:

- Опрости ми оче што лошо зборував и мислев лошо за тебе. И што него видов сокриеното богатство. Нека е слава на Бога, зошто Господ ме вразуми. Добив лекција за целиот живот.


Руски духовни приказни


Comments