БЛАГОСЛОВИ ГИ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ МОИ
Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
Непријателите ме турнаа повеќе во Твојата прегратка отколку пријателите.
Пријателите ме врзаа за земјата, а непријателите ме одврзаа од земјата, и ги срушија сите мои очекувања на земјата.
Тие ме направија странец во земските царства, и непотребен жител на земјата.
Како што гонетата зверка наоѓа сигурно засолниште од негонетата, така и јас сум, гонет од непријателите, најдов најсигурно засолниште, сокривајки се под твојот шатор, каде ни пријателите ниту непријателите не можат да ја погубат мојата душа.
Благослови ги непријателите мои, Господе. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Тие наместо мене ги исповедаа гревовите мои пред светот.
Тие ме удараа, кога јас се плашев да се ударам самиот себе.
Тие ме мачеа тогаш, кога јас бегав од маките.
Тие ме уништуваа тогаш, кога јас си ласкав.
Тие ме плукаа тогаш, кога јас се гордеев со самиот себе.
Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Кога се правев паметен, тие ме викаа луд.
Кога се правев силен, тие ми се смееја како на немоќен.
Кога сакав да ги водам луѓето, тие ме туркаа во позадина.
Кога брзав да се збогатам, тие ме удараа со железна рака.
Кога мислев мирно да спијам, тие ме разбудуваа од сонот.
Кога градев дом за долг и спокоен живот, тие ми го срушија и ме истераа надвор.
Навистина, непријателите ме одврзаа од светот и ги продолжија рацете мои до Тебе.
Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Благослови и размножи ги, намножи ги уште повеќе и огорчи ги проти мене да моето бегство кон Тебе биде неповратно, да надежта во луѓето се раскинала како пајажина, да смирението потполно зацари во душата моја, да срцето мое бидне гроб на моите два злобни близнаци, гордоста и гневот, да целото свое богатство го соберам на небото, ах да би се еднаш ослободев од самоизмамата, која ме е заплеткала во страшната мрежа на лажниот живот.
Непријателите ме научија да знам што некој малку знае, дека човекот нема непријатели во светот надвор од себе.
Само оној кој ги мрази непријателите, кој незнае, дека непријателите не се непријатели туку сурови пријатели.
Тешко е да се каже, кој ми направи повеќе добро и кој повеќе зло во овој свет, пријателите или непријателите.
Затоа благослови ги, Господи, и пријателите и непријателите мои.
Робот ги колне непријателите, зошто не знае. А синот ги благословува, зошто знае.
Зошто знае синот, дека непријателите не можат да го додирнат животот.Затоа слободно чекори помеѓу нив и го моли Бога за нив.
Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Свети Николај Велимировиќ

Comments
Post a Comment
Напиши коментар