Најголемото чудо кое се случило и секогаш се случува не е онаа што се случило во Витлеем каде се роди нашиот Господ и стана човек,ниту онаа што се случи во Гетсеманија,ниту онаа што се случи на Голгота. Нитуедно од овие...

Што е најголемото чудо? Најголемото чудо е тоа како Бог ни простува а ние и понатаму грешиме!

Да јадеме,пиеме,убаво да се проведуваме,да имаме воздух,да имаме сонце,да имаме се и да му кажеме на Бога:

- Боже,го земам Твоето,но не верувам во Тебе. Не те прифаќам и не те сакам...

Оваа е најголемото чудо! Како не толерира..

Таква долготрпеливост!!!Кој би можел да имаа таква долготрпеливост освен единствениот Бог.

Но до кога ќе не толерира?

Дваица мои пријатели заминаа за Америка и еден од нив ми го раскажа следново:

 Отидовме и веднаш најдовме работа. Од првата недела како почнавме да работиме,мојот другар Ѓорѓи,започна да краде.Во фирмата приметија дека ги краде. И помислија: 

Можеби краде оти му е мала дневницата.

И му ја зголемија дневницата и ништо не му кажаа.

А во сабота кога Ѓорѓи отиде да ја земе платата и виде дека има повеќе пари.

Но Ѓорѓи не престана! Секогаш крадеше...

 Зеде поголема плата и пак продолжи да краде.

Сфатија повторно дека краде, но ништо не му кажаа! Пак помислија дека му недостасуваат пари. И пак му ја зголемија платата, по втор пат трет пат, се додека платата не му стана дупло поголема! Но Ѓорѓи си продолжи со крадењето...

Кога видоа дека и третото зголемување не го исправи,го повикаа во канцеларија и му кажаа:

 - Сакаме да ни кажете како мислите,а ние ќе ви кажеме како мислиме.Од првиот ден кога ја добивте работата,започнавте да крадете. Ние,кога видовме дека крадете,си рековме можеби ви фалат пари.Зато ви дадовме повеќе пари следната недела?

Да, ми дадовте,им одговори Ѓорѓи.

Зошто продолжи да крадеш? Помисливме дека сеуште ти недостасуваат пари и повтор пат ви ја покачивме платата.Ти дадовме и трето покачување?Но ти продолжи да крадеш?Зошто?

Ти не си добар работник и му дадоа отказ.

Ако луѓето достигнат таква точка на долготрпението и нетрпението спрема лукавството на другиот,за да би биле исправени,дали го замислувате Бога,со каква долготрпеливост се однесува спрема луѓето кои се толку далеку од Него? Бог ги чека,мери се и прави услови за нивното спасение,како би се тие вратиле и спасиле...


Димитриос Панагопоулос 

Comments