Јас ќе ви судам, доме Израилев, на секого од вас според патиштата негови.(Јез.33:20).

 Да, тоа е вредност на еден момент!

Дали ке те затекне во покајание? Дали ке те сретне додека се исповедаш? Дали ке те стигне додека кажуваш Татко, згрешив против небото и пред тебе.(Лук.15:18)?

Дали ке ти пријде додека рониш солзи на вистинското покајание и самопрекорување?

Да, Бог ке ја донесе одлуката во еден момент: Верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела.(Псалм 144:13).

Ако пак те најде во нешто друго, о човеку, ке се отворат очите на твојата душа и ке видиш што си изгубил, но каква корист ке бидне од тоа?

Ако Бог го осуди човекот, покајанието е безкорисно. Кога ке се заврши "пазарот" на овој живот, залудно ке биде полнозборливоста! Тогаш се е завршено!

О, како е тоа големо таинство! О, Боже мој, мој слатки Исусе, отвори ги очите на мојата душа да би можел сосема јасно да го видам големото таинство на моето вечно спасение, да со помошта на Твојата благодат да спремам попатнина и да не би се безкорисно покајал на самиот крај од животот.

Како што гледаш, јас ништо не правам и потполно сум лепрозен од страстите. Поклони ми солзи и совршено покајание пред да дојде последниот час, кога ке го чујам Твојот глас: Направи завет за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш. (Ис.38:1).


Старец Ефрем Филотејски


Comments