Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бога, размислување за Бога, одважен разговор на суштеството со Творецот, стоење на душата пред Него со стравопочитување како пред Царот и Само-Животот, кој на сите им дава живот, заборавање поради Него на се што не окружува, храна на душата, воздух и светлина, живототворната топлина, очистување на гревовите, благ јарем Христов, лесното бреме Негово.
Молитвата тоа е стално чувствување на својата немоќ или духовно сиромаштво, осветување на душата, на идното блаженство, на ангелското блаженство, небесниот дожд, кој освежува, ја напојува и земјата и душата ја прави плодоносна, сила и моќ на душата и телото,
освежување и очистување на воздух, просветлување на лицето, веселба на духот, златна врска, која го соединува суштеството со Творецот, будност и храброст во сите неволи и искушенија во животот, светилка на животот, успех во делата, равноангелско достојанство, утврдување на верата, надата и љубовта.
Молитвата тоа е заедница со Ангелите и Светителите.
Молитвата е исправување на животот, мајка на скрушеното срце и солзи, силен подстрек на милосрдното дело, сигурност на животот, уништување на стравот од смрта, занемарување на земските богатства, посакување на небесните богатства, очекување на Судијата на целиот свет, општо воскреснување и живот во идниот век, засилена грижа за избавување од вечните маки, непрестајно барање милост од Владиката, чекорење пред очите Божји.
Молитвата е доказ на мојата разумна личност, на мојата боголикост, залог на моето идно обожување и блаженство. Јас сум создаден од ништо, јас не сум ништо пред Бога, како оној кој нема ништо свое, но јас сум по Неговата милост личност, имам разум, срце, слободна воља и при својот разум и слобода можам со срдечно обраќање кон Него да постепено го зголемувам во себе Неговото бесконечно Царство, да постепено се повеќе и повеќе ги намножувам во себе Неговите дарови, црпам од Него како од неисцрпен Извор разноврсни духовни и телесни дарови, посебно духовни...
Comments
Post a Comment
Напиши коментар