Се проаѓа во животот

Се проаѓа во животот



.Било да ми посочиш на подмолност, неискреност, превара,ласкање,озборување, оптужување или прогонства, па дури на војна со целата вселена, какви и да се нашите непријатности, тие се привремени и кратотрајни и постојат само поради смртното тело но не можат да им наштетат на крепкиот дух.

Спрема тоа не допушти да те замагли било каков случај, не го повикувај овој или оној, не трчај по сенката, зошто човечката помош е сенка.

Постојано повикувај го Господа на Кој му служиш, зошто е доволен еден покрет на Неговите раце па се да се промени.

Тој веднаш започнува да се доведува во спокојство и на се да му даде неочекуван пресврт, зошто Бог може да ни ги подари не само оние добра кои ги очекуваме и на кои им се надеваме, туку може да направи неспоредливо многу и бесконечно подобро.


Архимандрит Јован Крестјанкин


 

⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments