Старецот примаше силни ударци од ѓаволот,иаку непрестрајно се молеше со:

- Господе Исусе Христе помилуј ме!

-Господе Исусе Христе, смилувај ми се!...

Дали името на нашиот Господ, не го истерува ѓаволот...? Се запраша.

Сфати дека молитвата мора да ја прати и понизноста. Очигледно молитвата ја изговареше без понизност.Зошто непријателот не е будала. Тој знае која молитва се извршува со понизност, а која не...

Потоа се присети на зборовите на другиот старец кој еднаш му кажа:

- Молитвата на колена е понизна и оваа молитва донесува резултати!

Па клекна, и се молеше и војната веднаш се стиши!Навистина,клекнувањето и молитва се облик на понизност,зошто телото поприма скромна форма.

 И бидејќи душата ја поприма формата на телото, таа се понизува со неа.

Оваа понизност важно делува во умот на ѓаволот и го гори и тој не трпејќи го оваа "согорување", тој се повлекува...


Старец Ефрем од скитот на Свети Андреј



 

Comments