Можеби некој ќе запраша: Што е гревот? Животно ли е? Ангел ли е? ѓавол ли е? Што дејствува во него? Човеку, тој непријател, кој се бори со тебе, не е надвор од тебе. Напротив – од тебе проникнува зародишот на злото. Гледај со чесни очи и алчност нема да се породи; пази го своето, не го земај туѓото и грабливост нема да има; помни го секогаш судот и подигањето: тогаш нема да те завладее страст за блудство, прељубодејство, убиство, ниту некое друго зло. Кога ќе Го заборавиш Бога, тогаш започнуваш веќе да размислуваш лукаво и вршиш беззаконие. И пак, првиот виновник на гревот и родоначалник на злобите е ѓаволот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар