Еднаш Старецот Гаврил стоеше пред својата ќелија и го гледаше манастирот Самтавро. Во рацете држеше шише полно со вино.
Во дворот на манастирот шетаа неколкумина посетители.Отец Гаврил додека стоеше, сипуваше од шишето во чашата така да би го сите виделе,и гласно наздравуваше,ја испи полната чаша до дно,така да изгледаше како да е пијан.
За кратко време старецот испи неколку чаши, сите присутни кои го гледаа различно го сфатија: некои му се насмејаа или го исмејуваа, а потоа го продолжија својот пат.
Некои само гo скренаа погледот,еден млад човек стоеше и интезивно го гледаше старецот. Така гледајќи поминаа 15 минути, конечно старецот го повика младиот човек кај себе.
Внимателно се качи по скалите.
Отец Гаврил престана да се однесува како луд и го покажа своето вистинско лице, му пријде на младиот човек.
Старецот тивко му сипа од црвената течност и строго му кажа: Напиј,се дете мое!
Ја испи течноста до крај и со секоја голтка неговото лице се исполнуваше со се поголемо изненадување.Се покажа дека оваа црвена течност не е вино туку сок од вишни растворен со вода.
Отец Гаврило ја зеде неговата чаша и со мирен глас му кажа:Немојте да му судите на секое Божјо суштество. Ако ве осудам вас или верувам дека сум подобар од вас,ќе ми биде одвратно пред Господа.
Запомни го оваа дете мое,и оди си во мир.
Младиот човек се симна по скалите чуствувајќи се посрамено и зачудено.
Тој сфати дека старецот така се однесуваше како би створил слика дека е луд.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар