Многу треба да ја сакаме Пресветата Богородица.Молете и се секој ден и Таа ќе не одведе во Рајот.

Ја видов како девојче од 15 години кај Херувимите,кога бев на колена.

Стоеше испред една преубава порта и го држеше Христа на градите.

Никогаш нема да ги заборавам Нејзините убави очи,како ме гледаа се додека Нејзиниот поглед не влезе во моето срце.

Нејзините очи беа сини и целото мое внимание беше насочено кон Нејзините очи.

Ја молев и ја прашав:

Пресвета Богородице,што ќе стане со нас,што ќе се случи со овој манастир,ништо не работиме,како ќе се спасиме?

И Пресветата Богородица се насмевна,моето расположение се промени од тој ден во мене дојде мир од погледот на Пресветата Богородица.



Старица Макрина



Comments