Монахот почетник го праша старецот кои помисли да ги има на ум,а кои да ги отфрли.
-Залудно е се онаа што човекот мисли од Небото кон доле,му одговори старецот,и тоа мора да го отфрли од главата.Секогаш имај го Исуса на ум и ќе најдеш спасение
Уште еден брат за жал му призна на Свети Сисој дека иаку се бореше,неможеше да се ослободи од своите страсти.
-Како да се ослободиш ,дете мое,му одговори Светиот Старец,бидејќи им го чуваш алатот,односно лошите мисли?
Вратете им го приборот и тие веднаш ќе си заминат.
Човекот не е одговорен за мислите кои го навредуваат,поучуваше мудриот Отец,туку зошто ги чува и им дава согласност.Некој може да биде уништен од помислите а и повторно крунисан со нив.
Кога лошите помисли се бораат со мене кажа Ава Јован,го правам онаа што би го направил секој минувач кој бил гонет од некој ѕвер во пустината.Ќе се качам на дрвото за да се спасам. И јас му се обраќам на Бога во молитва и бегам од нивниот напад.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар