БОГ Е ОВДЕ, И БОГ Е СЕКАДЕ

Одејки по пустината ава Висарион дојде пред еден манастир, и со окото на душата, запази дека монасите се занимаваат со светски работи дека се бораат со страстите, и дека им недостасува Божјата благодат.

Поради поуките кон нив, тој седна пред портата, и плачеше, се додека некој од браќата не дојде.

,,Зошто плачеш човеку?"праша монахот мислејки дека е просјак.Ако тие се потребни некои работи влези внатре и седни на нашата трпеза и одмори се малку. 

Јас неможам да живеам под кровот кажа старецот се додека него најдам местото на своето живеалиште.

Зошто налетав на разбојници на морето, а потоа невремето и големите бранови ми го разбија бродот. Отпаднав од својата слава, и како да не плачам постанувајки од славен неславен.

Нажалениот брат му донесе парче леб и му кажа: Земи го оваа,отец, а останато Бог  ке ти го врати,и куќата, и честа, и богатството кое го спомнуваш.

Но старецот беше уште потажен, и гласно заплака и закука: Незнам да кажам дали ке можам да го најдам се онаа што го загубив и што го барам, туку уште повеќе ке бидам на маки бивајки секојдневно во смртна опасност, не наоѓајки мир од моите небројни неволи.

Зошто,морам да го завршам овој пат скитајки.

Живеејки како странец на земјата, и откажувајки се од се минливо, ава Висарион не зборуваше за материјалните работи како што мислеше младиот монах.

Тој зборуваше за искушенијата кои како невреме го удираа нашиот брод, за демоните кои напаѓаат како разбојници, и опасните бранови кои се нашите страсти, се онаа со што се сретнува христијанинот додека се бори да го исчисти својот ум - кој е кормилар на нашиот брод, да би го достигнал небесното богатство кое е изгубено при Адамовото паѓање.

Поради тоа, ава Висарион, се откажа од се на светот, и чезнееше единствено за Божјата љубов, и за Божјата благодат.

Луташе по пустината и живееше слободно како птица во планината, помеѓу карпите и пустите места.

Не се грижеше за куќата, облеката, материјалните работи, живееше како пустињак, носејки го со себе само Евангелие во раката, и низ строг подвиг стана учесник во Божјата слава уште додека беше на земјата.

Така еден ден кога одеше со својот ученик покрај брегот, ученикот ожедна и му кажа на старецот:

Аво, многу сум жеден. Ава Висарион се помоли и му кажа: Напиј се од морето.Ученикот ја вкуси морската вода и  виде дека е слатка. 

Кога се напи од водата тој го наполни својот сад.

,,Зошто тоа го направи", праша ава Висарион.

Прости ми старче, го направив тоа од страв дека по пат пак ке ожеднам. А старецот му кажа:

БОГ Е ОВДЕ, И БОГ Е СЕКАДЕ.

Во целиот живот ава Висарион секогаш се предаваше себе си на Божјата промисла.

Така еден ден одејки низ некое село тој виде мртов човек и го покри со својата наметка. Одејки понатаму тој сретна еден сиромав човек и му го даде својот капут.

Еден војник проаѓајки покрај голиот старецот го праша: Аво, кој ти ја зеде облеката? Ава Висарион му го покажа Светото Евангелие кое го држеше во раката, и кажа: еве, Тоа ми го зеде.

Ава Висарион одмараше многу малку.

Еднаш стоеше четиринаесет денови во една трнлива грмушка со намера да го отера спиењето од него.

За четиринаесет години никогаш не легна, а спиеше единствено стоејки или седејки.

Низ таквиот аскетски подвиг и многубројните молитви и пост тој достигна ослободување од страстите и се здоби со големи духовни дарови.

Така еднаш во скитот дојде еден човек кој беше опседнат со демон но отците не можеа да го истерат со молитва зошто беше многу јак. ,,Што да правиме", се запрашаа тие.

Никој неможе овој демон да го истера освен ава Висарион. Знаејки дека тој многу рано доаѓа во црквата, отците го ставија демоноопседнатиот човек да спие на местото каде старецот се молеше.

Кога старецот дојде рано наутро во црквата, станаа браќата на молитва и му кажаа: Старче разбуди го овој брат. Ава Висарион видејки дека тој уште спие му викна: Стани и излези! И демонот веднаш излезе, и човекот во тој момент оздраве.

Ава Висарион живееше како странец на оваа земја лутајки по пустината но секогаш управувајки се кон Царството Небесно .

Поради тоа и ние, да се угледаме на него, да му се предадеме себеси на Господа, и трагајки по онаа што го изгубивме во почетокот, да не се грижиме за распадливи работи туку својата надеж да му ја довериме на Господа и на вечниот живот.


Comments