Вистинска и прекрасна случка за Свети Нектариј Егински која ја прикажува Божјата промисла за Светите и нашата вера!

Две монахињи живеа во старите урнатини на древниот манастир во Егина.

Една од нив,во една прилика кога се правеше реконструкција на манастирот посака да засади едно дрвце од бор.

Местото кое го избра беше десно од Црквата и на понизок терен.

Додека беше на тоа место и ја држеше садницата во раце таа слушна глас кој и кажа:

- Немој тука да садиш,остави место за гробот.

Монахињата продолжи да копа дупка за дрвото и пак ги слушна истите зборови:

- Не тука,остави место за гробот.

Третиот пат кога проба да ја засади билката,почуствува невидливо туркање,како некој силно да ја турна.

Од таа причина борот го засади на друго место.

Тоа место остана празно и подоцна стана гробница на Свети Нектариј Егински.






Comments