Бевме на ивица од бездната и баравме помош...многу луѓе околу нас,но никој не не слушаше,и да не слушнеше немаше да не разбере,и да не разбра, немаше да ја испружи раката.
Плачевме за помош, и кога веќе снемавме сила се појави Светата Божја рака,не држеше,не прегрна и не направи Негови! Тој ни ја даде Својата љубов и не прими нас во своето свето стадо,во Црквата.Сега се чувствуваме одморно,како што ни вети,силно и силно!...
Убаво! И што сега,каде се нашите раце? Во нашите џебови? Ние сме Христијани...Убаво! Дали ги испружуваме своите раце кон својот брат?
Дали сакаме за него да го дадеме својот живот,своите желби,својот закон,своите навики?Ние сме во Црквата.Сакаме да се одмориме или ќе се одмориме?
Покрај нас,нашиот брат е сам,без работа,тажен,спремен да полуди. Дали сакаме да зборуваме со него или ќе станеме равнодушни?"Христос ќе му помогне"!
Да, секако ќе му помогне како што добриот Самарјанин му помогна на ранетиот.Дали сакаме да станеме како свештеникот и левитот од параболата?Дали само ќе го погледнеме својот брат и ќе си продолжиме?
Одиме на Литургија во 7 наутро секоја недела зборовите од Литургијата ги научивме но само надворешно.
Ние сме милостиви и добри Христијани.
Ги имаме имињата на нашите браќа и сестри, дали се молиме за нив.Но дали размислуваме за тоа...дали ги сакаме?Дали се жртвуваме за нив?
Ги читаме Светите Отци,каноните,акатистите и сме на одлично ниво со знаењето! И дознаваме дека нашиот брат не критикува.
Дали го забораваме се онаа што го прочитавме и одиме да го понизиме и да станеме судии, дали онаа што го читавме има за нас вредност дали го спомнуваме оној кој не навреди во нашите молитви и во нашето срце?
Ние сме постојани во својата вера,постојани и храбри.Братот покрај нас се плаши од некои работи...што да правиме?
Дали да се оделиме од својот брат? дали му се потсмеваме или молчиме со него во својата најтопла молитва и најтопла љубов?
Да се бидне во Црквата Христова, да се стане Православен Христијанин е голема чест и привилегија и дар од Христа! Но тоа е и голема одговорност!
Ги запознав браќата кои го користеја Христа друштвено да се издигнат, луѓето да им се воодушевуваат,да напредуваат,но и да ги потценуваат другите и одеднаш ќе се испразнат и срушат!
Ги запознав и другите кои ја користат благодат која им ја даде Христос спрема нивните браќа, на начин на кој самиот Господ ги подучува, и тие можеби изгледаат така непријатни и големи, но жртвувајќи го своето богатство,се радуваат во напредокот на своите браќа,
Не чекајќи и не барајќи ништо освен што Христос им даде втора љубов како би можеле да ја понудат.
На крај на краевите,молитвите и книгите и Крвта на нашиот Христос се дадени на сите наши браќа.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар