Без трпение и снисходливост (попустливост) спрема ближните е невозможно да се живее. Никогаш никој не осудувајте.
Секој човек, па каков и да бил тој, примајте го со добри чувства и со надеж дека во него го пронаоѓате само доброто, гледаjќи го пред себе образот Божји.
Пазете се од осудувањето како од оган, коj може да го потпали храмот во вашата душа. Не обрнувајте внимание на човечката слабост, од луѓето не очекувајте, грижете се за самите себе.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар