Во молитвите ја повикуваме Пресветата Богородица за да се спасиме со нејзината неисцрпна и живототворна милост.Спаси ги своите луѓе од опасност,Пресвета Богородице, сите после Бога, на Тебе да ти се обратат како нераскинлив ѕид и заштитничка!


Во ликот на Пресветата Богородица престанува нашето горко ропство и ропство од гревовите,нашето давење во тагата,пропаѓање и смрт од грев.

Поради неа ние по милоста постануваме Божји деца.Богородица постанува наше засолниште и извор на нашата молитва.


Оваа молитва тогаш постанува сила во нас,воздржаност,,нераскинлив"ѕид,кој никогаш не паѓа, од било каков земјотрес на гревот,од било каков напад на искушение и искушенија.


И така на овој начин ја вкусуваме и уживаме во заштитата за која нашата душа жеднува. А тоа е Спасението.


Христовото спасение,дадено низ Пресветата Богородица, која зачна,роди и го донесе оваа Спасение на светот,во нашите животи,во нашите срца.Се е во молитвите,ако сакаме да постанеме Нејзини деца кои молат:


Спаси ги своите деца,Пресвета Богородице!...


Отец Дамијанос


Comments