Во Фебруари 2010 година, мој помлад син се онесвести во училиштето. Учителот веднаш повика брза помош и детето беше одвезено во болница на време.
Кога стигнав во болница и го видов својот син во тешка состојба и самата се онесвестив. Кога се освестив видов еден свештеник во мантија кој нешто и помагаше на медицинската сестра.
Одеднаш ме погледна и ми кажа дека ме чека во Самтавро. Во тој момент не обрнав внимание на него и неговите зборови.
Наскоро ми ги покажаа наодите од скенерот и се виде дека мојот син има тумор на мозокот со метастази.
Докторите во таа болница не можеа да му направат операција и не посоветуваа да продадеме се што имаме и да идеме во Германија или во Израел за да му направат операција.
Се оваа ме доведе до очај. Веќе размислував се да продадам и да одиме во Германија и тогаш случајно здогледав една фотографија која беше закачена на ѕидот од ординацијата во болницата.
Човекот кој и помагаше на медицинската сестра беше на таа слика. Прашав кој е тој човек, а тие ми одговорија дека тоа е старецот Гаврил Ургебадзе, кој имаше духовни дарови и на неговиот гроб се случуваат многу чуда.
Останав без глас и неможев да им кажам на докторите дека го видов во болницата. Одлучив веднаш да отидам во Мтскхету.
Кога прашав каде е гробот на старецот, ми кажа во градот Мтскхета, во Манастирот Самтавро. Самтавро...?
Тоа е онаа што го слушнав од старецот во болницата. Сега се ми е јасно. Не се двоумев ниту секунда и веднаш заминав на гробот на старецот.
Кога стигнав се изненадив колку верници имаше на неговиот гроб. Се молеа на колена и со своите крстови и прстени го допираа гробот.
Го молев старецот да ни помогне да ги продадеме сите наши работи во куќата и да замине во Германија што побрзо за да му направат операција на детето.
Следниот ден на мојот син му беше многу лошо. Се онесвести и мораше да биде префрлен во болница каде му дадоа многу јаки лекови.
Инсистирав повторно да му направат скенер да видиме колку брзо напредува болеста.Така му направија скенер повторно.
Времето проаѓаше, а резултатите доцнеа, така многу се загрижив.Одеднаш ме повикаа кај началникот на клиниката.
Бев престрашена кога влегов.
Но докторот ми кажа дека има добри вести, дека на мојот син му подобро и дека на снимката нема повеќе тумор ниту метастази, и дека неможе да го објасни овој феномен.
Уште двапати му правеа скенер и потврдија дека со мојот син е се во ред.
Бев пресреќна и повторно го здогледав нашиот старец Гаврил кој се смееше и кој не благословуваше.
Оваа случка им ја раскажав на докторите и на медицинските сестри, а тие плачеја и му благодареја на Бога за оваа големо и неочекувано чудо.
После оваа чудо започнав да одам во црква. Сега секој ден му благодарам на Старецот Гаврил и го читам Акатистот на овој голем подвижник кој им помага на луѓето во маките и се моли на Бога за нас во Небеското Царство.
Елена Гетсадзе

Comments
Post a Comment
Напиши коментар