Еден фармер примети дека го изгубил часовникот во сеното.

И покрај фактот дека немаше никаква материјална вредност, часовникот му беше драг на фармерот кој му беше подарок од некој негов близок.

По неуспешниот долг претрес внатре и околу шталата, тој се откажа. Гледајки ги децата како се играат во близина, тој реши да побара помош и вети награда на секој кој ке го најде неговиот часовник во сеното.

Слушајки го оваа, момчињата се упатиле кон шталата, се искачиле на таванот и барале од горе накај доле, но не го најдоа часовникот.

И во моментот кога фармерот мислеше да ја напушти потрагата по часовникот, едно мало момче се приближи до него и побара втора шанса.

Фармерот, гледајки во него, мислеше зошто да не, особено што детето изгледаше искрено. Затоа, фармерот го испрати во шталата.

Онаа што беше на изненадување, после некое време, момчето излезе од шталата со часовникот во раката. Фармерот, пресреќен, со љубопитност го праша момчето како успеа да го стори тоа што другите момчиња не успеаја. Момчето одговори: Јас ништо не сторив. Само седнав на подот и слушав. Во тишината го слушнав чукањето на часовникот, и отидов во правец на звукот и го најдов.


Мирен, спокоен ум може да размисли подобро од вознемирен и зафатен ум.

Дајте му на вашиот ум неколку минути молчење дневно и ке видите колку брзо ке ви помогне да стигнете до очекуваниот пат на животот!

А самата душа секогаш знае што да прави за да се излечи.


Comments