Сликата на Господа како страда за нашето спасение ќе ни даде сила да го издржиме страданието.


1.Ако ве совлада меланхолијата,дури и ако ве напуштат пријателите,прочитајте го Псалмот 23,27; Евангелие по Лука 15 глава.


2. Ако работите појдат наопаку,прочитајте го Псалмот 37,Евангелие по Јован 15 глава.


 3. Ако ја изгубите храброста или сте во невоља,прочитајте го Псалмот 126, и Евангелието по Јован 14 глава.


 4. Ако се чувствувате потполно непријатно прочитајте го Евангелието по Јован 12 глава.


 5. Ако започнете потполно да ја губите верата во луѓето,прочитајте го 1 послание на Апостол Павле кон Коринтјаните 1 глава.


 6. Ако ништо не ви оди на рака,прочитајте го посланието на Апостол Јаков 3 глава.


7. Ако се двоумеете во неверие,прочитајте  го Евангелието по Јован 6 и 7 глава,16-17 стихови.


8. Ако сте потполно умирни и измачени од гревот,прочитајте ги Евангелието по Јован 8 глава. Евангелие по Лука 18 глава,стих 9-14.


9.Ако сте близу до очајот,прочитајте го Евангелието по Лука 19 глава,стих 10;

Евангелие по Јован 3 глава 16 стих.


10. Ако се е во ред, затоплете се и прочитајте го Псалмот 121.Евангелие по Матеј 6 глава,33-34 стих.


11. Ако чезнеете за зајакнување на надежта во Бога,прочитајте го Псалмот 26.


12. Дали некој од вас страда,нека се моли, дали е некој радосен - нека ги пее Псалмите, читајте ги посланијата на Светиот Апостол Јаков 5 глава стих 14.


Воопштено,по советот на Светите Отци,би требало да ги читаме Евангелијата тоест последните глави од сите 4 Евангелија.



Архимандрит Јован Крестјанкин

Comments