Еднаш, на еден голем празник, две пријателки заминаа во еден манастир.

Една од нив во својата младост, многу одамна, направила некое зло дело и од тогаш не можеше да го заборави тоа, непрестајно ја мачеше нејзината совест, дури откако се покаја на исповедта.

Сега одеше по патот и упорно плачеше и зборуваше: Јас сум грешник! Дали сум достојна да со злобните усни  ја целивам иконата на Милосрдниот Спасител? Како ме носи  земјата? Како праведниот Господар ке ме казни?

Нејзината другарка беше жена со строг живот и поради тоа се чувствуваше подобро од својата пријателка. Не се плашам кажуваше.

Одам со лесно срце. Се разбира ни јас не сум праведник, но кои гревови ги имам?

Трипати да мислам, неможам да се сетам. Но драга моја, тоа е друга приказна.

Разбирам колку мора да тие тешко.

Жените дојдоа во манастир, се молеа во храмот, а потоа отидоа до старецот.

 Тој ги распраша за се, и на првата жена и кажа: Оди во полето и донеси ми го овде најголемиот камен кој можеш да го најдеш.

На другата жена и кажа: Оди наполнија оваа кецела со ситен камен и донеси ми ги овде.

Жените ги извршија заповедите на старецот. Кога му ги донесоа камењата, тој им кажа: Сега земете ги камењата и вратете ги на истото место кај ги земавте.

Првата жена појде со тешкиот камен, но другата жена се двоумеше.

Што не е во ред? запраша старецот. Ох, оче, ми кажа да ги вратам сите камења на своите места таму од кај ги земав.

Да врати ги на истото место од кај ги зема.

-Не можам

-Зошто?

-Затоа што има полно. Не се сеќавам на местата од кај ги земав.

Сакам да знаеш кажа старецот, вашата пријателка само еднаш направила еден тежок грев и непрестајно се сеќава на него, се кае, измивајки го со солзи.

Таа го знае местото од нејзиниот камен.

Ти, со своите мали, како мислите гревови, не знаеш кај си ги направила и кога си ги направила.

Не се сеќавате и тогаш кога имате прилика да се покаете за своите гревови.

Тие остануваат во вашата душа, како овие камења кои ги носите.

Нечистотијата е секогаш нечистотија.

Жената го разбра оваа, дека со своите мали гревови, би требало да се покае за очистување на својата душа исто како својата пријателка и дека треба да се грижи за чистотата на својата душа.


Comments