Оџата кој стана Христијанин
Спрема сигурни извори, на далеку познатиот Египетски оџа го напушти исламот и со своето семејство се крстеше и ја прими Христијанската вера. Како раскажа,тоа беше поради чудото кое му се случи.
Некогашниот оџа сега Христијанин, ни раскажа дека неговата ќерка се разболе од неизлечлива болест. Одеа по сите болници кои ги знаеја, ја прегледаа многу Египетски доктори, па дури и во странство патуваа.
Докторите и препишуваа терапија, но не се надеваа на подобрување. Всушност, тие му зборуваа на очајниот татко да ја води својата ќерка дома бидејќи за нејзината болест нема лек.
Таткото секојдневно му се молеше на алах за помош.
Кога ја виде тагата на таткото, еден близок пријател, му предложи да стави крст на перницата на која спиеше неговата ќерка. Неможам тоа да го направам...несакам да ја продадам својата вера,кажа оџата.Меѓутоа,таа идеја започна да му ги окупира мислите.
Не кажувајќи на никој ништо,купи еден Крст и го стави на перницата.Денови проаѓаа, а неговата ќерка падна во некоја состојба на кома, изгубувајќи ја тотално свеста.
Целото семејство и луѓето на кои им служеше оџата ја чекаа нејзината смрт. Очајниот татко седеше покрај неа плачејќи и дење и ноќе. Во него постоеше надеж дека нешто ќе се случи.
Една вечер, додека, скршен ја држеше раката на својата ќерка,виде дека Крстот кој се наоѓаше на перницата, сјае со некоја силна светлина.
Таа светлина го осветлуваше целиот кревет.
Во почеток мислеше дека тоа е сон, или нешто не е во ред со неговиот ум поради неговата тага. Меѓутоа,светлината која ја виде беше очигледна. Одеднаш, ја виде својата ќерка како станува од креветот и му кажа:
Татко,гладна сум,донеси ми нешто за јадење. Оџата неможеше да сфати што се случува.Отиде во кујната, пресреќен.
Ја разбуди жената и соседите. Наскоро,целата куќа беше полна со луѓе.
Кажуваше и прераскажуваше за онаа што се случило. Зборуваше за чудото на Чесниот Крст. Дури го повика на телефон и својот пријател, оној кој му предложи да стави Крст на перница и му заблагодари.
Соседите и пријателите пробуваа оваа чудо да го препишат на Свети Ѓорѓи Победоносец, кој се почитува и помеѓу муслиманите.
Но,таткото ја спозна силата на Крстот. Тој доживеа чудо. Неговата ќерка веќе не е болна, а докторите кои беа упатени во нејзината болест неможеа да поверуваат дека тестовите се негативни.
Неколку денови после оваа чудо,оџата донесе одлука. И кажа на женаму дека ќе се крсти и ќе ја прими Христијанската вера.
Првично,таа оваа го одби размислувајќи дека ќе морат да избегат со целото семејство.Ќе не убијат му зборуваше таа.
Но тој веќе ја донесе одлуката. Ја информира дека засекогаш ќе го напуштат Египет.Ќе се крстиме и ќе живееме во друга земја. И така стана...Меѓутоа,веста за неговото преминување во Христовата Црква молскавично се рашири во градот каде служеше и помеѓу муслиманското свештенство.
Денеска, бившиот оџа, сега е Христијанин,студира теологија. За муслиманите, тој и неговото семејство се одметници.

Comments
Post a Comment
Напиши коментар