Се сеќавам на оваа приказна од животот на Епископот Московски Филарет за еден селски свештеник кој беше секогаш пијан и очаен свештеник во едно село каде селаните секогаш беа пијани.

Епископот го постави таму свештеникот во тоа село бидејќи за нив можеше да направи многу малку.

Така и направи. Свештеникот дојде во селото во кое сите беа пијани, ги собра своите парохјани и им кажа:

Еве ваква е состојбата,Владиката ја загуби секоја надеж за нас,зошто ние многу пиеме.Но јас сум и свештеник и морам во недела да служам Боженствена Литургија и на празниците, и морам да се причестам, иаку сум пијан.

Оваа е мојот предлог до вас. Дојдете во Црквата да заедно заедничариме,оплакувајќи ги нашите животи и молејќи го Господа за простување, не сме достојни да застанеме пред Неговиот путир, но и понатаму се надеваме на Неговата милост.

Што се случи? Од животот на Светиот Филарет дознаваме дека луѓето беа импресионирани, зачудени и благодарни на делување на Светиот Дух во Светите Тајни, селаните започнаа да се менуваат, и на крај престанаа да пијат. Свештеникот се врати во трезвениот живот, а се вратија и селаните.

Каков исклучителен пример представува оваа приказна! Луѓето од тоа село не постеа,ниту ги почитуваа црквеното правило, но го најдоа Бога зошто Тој единствено ги сакаше и покрај нивната недостојност.

,,Сакајте не горко,секој може да не сака слатко",кажува старата Руска поговорка.

Чудата се случуваат. Уверен сум дека таму каде некое правило се прекршува заслужува опомена.

Но таму каде тоа се прави од незнаење,недостаток на верата и сомнеж во неопходноста на правилата,прво мораме да им дозволиме да ја вкусат Божјата блискост, а не да бараме моментално почитување....




Comments