Имаше еден селанец и секој ден редовно му се молеше на Бога. И секој пат се молеше со една иста молитва: Господи, непостои човек во светот кој е понесреќен од мене! Секој ден страдам неизмерно и се прашувам: Кој ужасен грев сум направил за да заслужам таква казна? Помилуј ме, слушни ги моите молитви.
Не се осмелувам да Те прашам ниту за мојата среќа или богатство.
Моето барање е скромно и незначително:
Нека некој ги преземе моите тешкоти врз себе и да ми ги даде своите. Не ми е грижа со кого ке се сменам, бидејки никој нема товар што е потежок од мојот.
Бог ги слушна неговите молитви, и селанецот слушна небесен глас кој му кажа: Ставете ги вашите проблеми во една торба и однесете ги во Црквата.
Гласот беше толку силен што сите жители на градот го слушнаа и почнаа да ги полнат торбите со нивните проблеми.
Селанецот беше воодушевен: сега сигурно ке најде некого со кој би се разменил!
Охрабрен и весел, ја зграпчи торбата и отиде во храмот, наидувајки на многу луѓе по патот, кои како него, брзаа да се ослободат од своите проблеми и несреќи.
Откако стигна во храмот, селанецот погледна во луѓето собрани пред влезот и се згрози: богат и сиромашен, убав и грд, тие држеа огромни торби, многу поголеми и потешки од неговата торба, која сега изгледаше премногу мала.
Кога влегоа во храмот, тие повторно го слушнаа гласот што им нареди:
Ставете ги торбите пред вратата на храмот и земете ја торбата на било која личност што ви се допаѓа на вас пред да заминете.
Но, луѓето не се осмелија да се разделат со своите торби. Тие се свртеа наоколу и го напуштија храмот, не сакајки да го сменат својот товар со никого.
Меѓу нив беше и селанецот. Одеше, притискајки ја торбата со своите несреќи на градите толко многу како да се плашеше дека некој ке му ја земе.
Секој од нив се врати во својот дом со својот товар, но сите беа задоволни од својот избор.
Селанецот исто така се радуваше. Тој се исплаши дури и да размисли за тоа какви проблеми и таги можеше да донесе со себе во некоја друга торба.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар