ОД НЕПРАВДА ДО СПАСЕНИЕ
Се сеќавам на Митро,мало весело девојче.Се разболе од акутна леукемија.Беше дете со особена смиреност и стрпливост,мил поглед кој нејзиното бледо лице непрестано го упатуваше кон другите.
Се соочуваше со најагресивните терапии на кои ја подложуваа.А колку што ги поднесуваше,толку нејзините родители стануваа по немоќни, губејќи се постепено во надежда и последните трошки од својата вера.
И онака не беа верници.Но ,сепак нешто постоеше во нив.Ја испратија во добро училиште.
Имаше учителка која ја сакаше неизмерно.Секој пат кога ќе појдеше на спиење ќе се прекрстеше,зборувајќи:
"Крсте Христов, спаси не со силата Своја"
Така ја научи учителката.
,,Зошто се крстиш" , ја праша мајка и.
,,Христос да ми подари снага" ,ќе одговореше таа, ,,Така ни кажа госпоѓата Параскева во училиштето" .
,,Нели е подобро да Му кажеш да направи тебе да ти биде подобро?
,,Не е потребно,затоа што ми дава снага и радост".
Родителите не навалуваа.
Не разбираа многу работи.
Но, бидејќи болеста напредуваше - се свртија против Бога.Но, неможеа да се свртат против своето дете,кое продолжуваше да се крсти и да изговара молитви.
Митро умре на свои осум години,барајќи од мајка и да и чита ,,Оче наш", затоа што таа повеќе не можеше.
Ја испушти својата кукла од прегратка, ги прекрсти своите рачиња и измоли молитва.
Мајка и неможеше да и ја расипе желбата.Читаше со плач.
Ги остави настрана логиката,аргументите и доказите, и со тесен разум и мисли му служеше на светот на своето дете.
Заедно со солзата од окото,од нејзиното срце се роди вера.
Губејќи ја Митро,го добиваше Бог.
Нејзината ќеркичка е нејзината духовна мајка.Се сети на нејзините зборови.Во прегратка веќе го немаше своето живо дете,но доби снага,трпеливост и радост.
Митрополит Месогејски Николај Хаџиниколау

Comments
Post a Comment
Напиши коментар