Свеќата која ја палиме во Црквата е исповед пред Бога.Признаваме дека својот живот ќе го просветлиме и ќе им помагаме на нашите блиски.
И како се топи свеќата, Така ќе станеме жртви за другиот.
Дали тоа го правиме?
Како се осудуваме да лажеме кога ги палиме свеќите?
Што симболизираат свеќите кои ги палиме?...
Свеќите на масата лежат и не стојат, што укажува на тоа дека некогаш сме духовно мртви, но Христовото Воскресение,го обезбеди нашето сопствено Воскреснување,бидејќи еден ден сите ќе Воскреснеме.
Свеќата која ја палиме мора да е чиста,чиста свеќа,зошто на Бога му нудиме само најдобро и најчисто.
Луѓето бараат да купат чисти свеќи, одат на други места не купуваат од Црквата.
Мнозина палат ,,чисти свеќи" на Бога, но Бог сака себе си да се дадете чисти и не да палите ,, чисти" свеќи...
Comments
Post a Comment
Напиши коментар